Од есента 2024 година, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им треба различен уред и кабел за полнење на своите мобилни уреди секогаш кога ќе купат нов, и ќе можат да користат еден полнач за сите нивни преносни електронски уреди со мала и средна големина.
Ова законско решение денеска се усвојува во Европскиот парламент, по неколкугодишни преговори меѓу Парламентот и земјите членки на Унијата.
Според ЕП, овој закон е дел од пошироките напори на Унијата да ги направи производите поодржливи, да го намали е-отпадот и да им го олесни животот на потрошувачите.
Потрошувачите ќе треба да чекаат уште две години за спроведување на законот.