Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Од 6.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 86,50 (денари/литар)
- Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 89,00 (денари/литар)
- Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС 50,228 (денари/килограм)
извор: kanal5.com.mk