![Жито Маркети активно работи на реновирање на своите маркети, а најави и проширување на нови локации](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b0/3d93f70b-resize-820x0x100.jpg)
Нашата цел е да обезбедиме што поквалитетно потрошувачко искуство за нашите купувачи и што попријатен и модерен работен простор и амбиент за нашите вработени
Иако сите маркети на Жито се дизајнирани и опремени во согласност со најновите европски стандарди за пазарење, компанијата континуирано работи на подобрувања и унапредувања на своите објекти, процеси, асортиман, а секако и на својот тим, без кој оваа целина не би била функционална.
ДПТУ Жито извоз-увоз ДООЕЛ Велес е компанија која е во константен процес на модернизирање и реновирање на сопствените маркети, во насока на исполнување на најновите безбедносни и хигиенски мерки. Активно ги следиме новите трендови на пазарот и согласно истите, секојдневно се надградуваме и подобруваме, сè со цел да одговориме соодветно на потребите на нашите купувачи - велат од компанијата.
Земајќи предвид дека реновираните и модернизизирани објекти нудат проширен асортиман на производи, пријатна атмосфера за пазарување и стручен и љубезен персонал, Жито маркети во текот на месец септември реновираше два постоечки маркети и притоа, за до крај на календарската година предвидвидено е реновирање и модернизирање на уште 3 маркети од постоечките, како и отварање на нов маркет во Куманово.
Нашата цел е да обезбедиме што поквалитетно потрошувачко искуство за нашите купувачи и што попријатен и модерен работен простор и амбиент за нашите вработени.
Реновираните маркети можете да ги посетите во Скопје, во населба Железара (Ул.Филип Филиповиќ бр.2), како и во Бутел 2 (Ул.Бутелска бр.29). Од компанијата најавуваат и реновирање на маркетите:
- Баумаркет, Скопје (Ул. Кузман Шапкарев бр.16)
- Ново Лисиче, Скопје (Бул.Видое Смилевски Бато бр.1)
- Аеродром Пазар, Скопје (Бул.Јане Сандански бр.70)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_09-51-41-755.jpg
)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_09-51-42-242.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_09-51-42-546.jpg
)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_09-51-43-347.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_10-10-52-403.jpg)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito__2022-10-06_10-10-52-564.jpg
)
![](/data/Vrabotuvanje/Redakcija/zito_2022-10-06_09-51-41-437.jpg
)
Ланецот на супермаркети – Жито Маркети најавува проширување на својата продажна мрежа и отворање на нов маркет во Куманово.
Следи ја компанијата и биди во тек со сите нови огласи од Жито Маркети