Дадена е употребна дозвола за пругата, возниот ред е направен и по 36 години повторно ќе сообраќа воз меѓу Битола и Лерин.
Од nezavisen.mk известуваат дека долгоочекуваната вест за враќање на возот од Битола до Лерин, деновиве ја потврдил премиерот, без да открие детали.
Веста за враќањето на возот ја потврдуваат и , од кабинетот на директорот на Железници. Тие за „Независен“ потврдуваат дека возниот ред е направен и првиот патнички воз се очекува да сообраќа за околу еден месец.
„Го направивме возниот ред, за брзо време ќе се објави таа траса и веќе имавме состанок со колегите од грчка страна да ја ставиме пругата во сообраќај. За максимум еден месец пругата ќе биде ставена во сообраќај со патнички воз“, потврдуваат од Железници – инфраструктура.
Од таму додаваат дека веќе се договара со Македонски железници – транспорт да се обезбедат доволно локомотиви за да се овозможи редовен сообраќај.
Железници – инфраструктура неодамна ја доби и употребната дозвола за пругата издадена од Министерството за транспорт и врски.
Железничката пруга од Битола до пограничното село Кременица, на самата гранична линија со Грција е во должина од 17 километри. Крак со станица за претовар има и во индустриската зона „Жабени“ кај Битола, покрај која минува пругата. Со проектот се изградија 9 мостови, 38 пропусти, 30 премини за животни, нова станична зграда и објект за сигнализација и телекомуникации на потегот меѓу Битола и Кременица.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА: nezavisen.mk