Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат
Од ноќеска на полноќ за три денари се зголемува малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V), одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Исто така, се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари по литар, како и на мазутот М-1 за 1,024 денари и тој од полноќ ќе чини 51,252 денари.
Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат. Тие и натаму ќе се продаваат БС-95 за 86,50, а еуросупер БС – 98 за 89 денари за литар.