Чувствувате замор и демотивираност помеѓу вработените во вашата компанија? Овие 10 идеи ќе ви помогнат да го вратите чувството на благосостојба во работната средина
Поминаа деновите кога бизнисите со помош на заплашување ја одржуваа дисциплината и мотивираноста помеѓу вработените.
Денес, само здрави и среќни вработени придонесуваат компанијата да има високо ниво на морал, продуктивност и профитабилност.
Милениумците кои денес претставуваат доминантен дел од работната сила (околу 36 проценти) сакаат да бидат дел од работни средини кои се креативни, колаборативни, иновативни, инклузивни, весели и разновидни. Тие себеси се гледаат во компании кои ја ценат тимската работа, диверзитетот, етиката и одговорноста.
Еден од начините да се поттикне задоволството на работното место е да се инвестира во работни простории во кои вработените ќе може слободно да се вклучат и да се чувствуваат удобно. Спротивно на тоа, лошо организираниот работен простор може да ја пригуши креативноста што би влијаело кон постигнување на послаби перформанси, вклученост и иновации.
Бидејќи задоволството на вработените е срцето на работната средина, ви претставуваме 10 совети како да го зголемите нивото на благосостојба, продуктивност и морал во вашата компанија.
Спознајте ја вашата визија и вредности
Кога инвестирате во работен простор, бидете сигурни дека тие ја претставуваат културата и вредностите на вашиот бренд. Колаборативна култура со филантропијата и емпатијата во самото јадро ќе биде позитивно прифатена од вашите вработени.
Работете паметно
Максимизирајте го вашиот работен простор преку анализирирање како се користи сега и како тоа може да се користи подобро во иднина. Согледајте го работниот однос преку вашите сетила. Целете кон работните процеси и шаблони, големината и локацијата на тимовите, бироата, технологијата, просториите за состаноци, капацитетите за мобилна работа и обезбедувањето на рекреативни простории.
Работен простор што звучи, изгледа, буди чувства и мириса убаво, и ја одразува индивидуалноста на луѓето во него притоа задоволувајќи ги потребите на бизнисот, е најефикасно решение за зголемување на ефикасноста и моралот во организацијата.
Не се плашете од природата
Статистиката вели дека вработените кои имаат добар поглед кон природата се за 25 проценти попродуктивни и за 12 проценти побрзо ги завршуваат процесите. Изложеноста на природна светлина ја зголемува продуктивноста за дури 18 проценти, а поквалитетната светлина генерално ги зголемува работните норми за дури 23 проценти.
Дишете слободно
Подобрувањето на квалитетот на воздухот и вентилациските системи ја зголемуваат продуктивноста за 11 проценти и комоцијата за 3 проценти. За чист воздух, несекогаш е потребно да инвестирате во најдобар вентилациски систем, скапи клима уреди и системи за греење, иако ваквите инвестиции дополнително би придонеле. Доколку годишниот буџет не вклучува финансиски средства за вакви инвестиции, има и поевтина варијанта која подразбира садење и одржување на растенија кои го впиваат јаглеродниот диоксид, а испуштаат кислород.
Доколку инвестирате во проток на здрав воздух, никој нема да се жали на главоболка, проблеми со видот или дишењето, отежнато дишење, кашлица и слични проблеми.
Намалете го звукот
Ѕвонењето на телефоните, гласното зборување и општата бучава може да ја отежни или целосно да ја оневозможи способноста на луѓето да останат концентрирани. Бучавата е несакано одвлекување на вниманието и главен причинител на незадоволство кај вработените. Добрата вест е што овие проблеми можат многу лесно да се надминат преку следење на неколку едноставни правила.
Никогаш не ставајте телефон за општа употреба во средина на канцеларијата и не ги позиционирајте бироата на локации каде што има голема циркулација на луѓе. Направете рамнотежа помеѓу отворените и затворените простории и инвестирајте во простор кој ќе ја блокира, наместо да ја поттикнува трансмисијата на звуците.
Изберете соодветни бои
Жолтата боја ја стимулира креативноста, зелената го намалува стресот и поттикнува смиреност, а сината придонесува за поголема фокусираност. Вашиот избор на бои нека придонесе максимално кон тоа вашите вработени да се чувствуваат смирено, а нивната креативност непречено да функционира.
Подгответе се за работа
Дури 45 проценти од вработените се жалат дека имаат стресно патешествие додека стигнат во до својата канцеларија. Што значи тоа? Гужвите во сообраќајот, празниот акумулатор, договорот со партнерот околу тоа кој ќе го земе автомобилот... сето тоа предизвикува утрински стрес кај луѓето. Па, зошто да не ги мотивирате вработените да доаѓаат со велосипед или да пешачат до работа? Не само што ќе го избегнат сообраќајниот метеж, туку и ќе добијат дополнителен мотив од поголемото количество на серотонин предизвикано од физичката активност. Доколку не можете на своите вработени да им обезбедите теретана во рамките на компанијата, размислете околу тоа да им овозможите попуст на годишна членарина во најблиската теретана или фитнес клуб.
Водете грижа како да се ваши
Чувајте го докторот подалеку помагајќи им на своите вработени да имаат редовна исхрана. Овозможувајќи им бесплатно кафе, оброк, свежо исцеден сок, овошје и место каде што може да подготват нешто вкусно за јадење, им помагате на вработените да се хранат здраво и да ги одржуваат мозокот и телото будни.
Движете се
Просечниот работник се наоѓа во седната положба речиси 9 часа дневно – за многумина, тоа е подолго отколку што спијат. Седењето на биро подолго од 4 часа дневно предизвикува вкочанетост, болки во грбот и мускулни проблеми, а може да го наруши и нивото на шеќер во крвта.
Размислете за купување на мебел кој ќе ги поттикне луѓето да се движат и помал дел од денот да го поминуваат во седечка положба. Вработените кои работат на прилагодливи бироа помалку се жалат на болка во мускулите, имаат поголема енергија и подолго го задржуваат фокусот.
Работете во движење
Работното од 9 до 17 часот, само во канцеларија, станува минато за се поголем број на вработени. Благодарение на технологијата, луѓето се’ полесно можат да ги завршуваат своите работни задачи надвор од канцеларија и во секое време од денот. Размислете за воведување на флексибилно работно време и можност за работа од дома – ништо не губите, напротив, продуктивноста на вработените ќе скокне.