Во подготовка е јавен повик, на кој ќе можат да аплицираат сите оние кои набавиле ваков енергенс за загревање од април годинава, се до моментот на објавата на повикот. По 500 денари за еден кубен метар огревно дрво ќе се исплаќа на апликантите, кои пак ќе треба да достават доказ за купената количина дрво. Исплатата ќе се врши по принципот прв дојден, прв услужен, се до исцрпување на средствата.
Претходно, Општина Кисела Вода обезбеди донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, го реализираше проектот “Ранче за секое прваче” со кој се обезбедија чанта, тетратки и училишен прибор за сите првоодделенци, а минатата седмица беа исплатени и субвенции за печки на пелети.
извор: kanal5.com.mk