Во услови на енергетска криза во која државите се соочени со предизвикот да обезбедат доволни количини на енергенси и електрична енергија, се наметнува прашањето каква зима не очекува. Метеоролозите, според сезонските изгледи, предвидуваат генерално поблага зима од просечната.
Во првата половина од зимата очекувањата се дека ќе има малку поладно, стабилно и релативно суво време со услови за магла по котлините и зголемено аерозагадување посебно во котлините и во урбаните средини, но не се исклучува можноста и за повремени продори на ладен воздух и ладни фронтови. Во втората половина на зимата постои поголема веројатност за врнежи, кога се очекува и повеќе снег во југоисточна Европа на повисоките планини (југоисточна Србија, северните делови од Албанија, северозападните делови од Македонија).
Ова е генералниот заклучок од деталната анализа за сезонските изгледи на времето во претстојната зима што ја изработи д-р Владо Спиридонов, професор по метеорологија на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје во соработка со м-р Рада Аврамовска и м-р Александра Стевков од Управата за хидрометеоролошки работи.
извор: nezavisen.mk