Македонскиот супериор dream team предводен од Зоран Јовановски Паламаро беше апсолутен победник на 5 – от интернационален пица шампионат во Софија, Бугарија организиран од Bulgarian Pizzaioli Association на чело со Радостин Кирyазов и Анатоли Колев.
Нашите момци (Дејан Трајанов Цеде, Хисеин Таири, Синиша Чамџиќ, Руфат Шабани и Наум Михајловски од Академија Пиациоли Македонија и Бранко Григоров од Concept food) освоија 3 злата 2 сребра и 3 бронзени медали во 4 категории - Pizza Romana, Pizza Napoletana, Pizza Creativa i Acrobatic pizza.
На натпреварот судии беа едни од најпознатите италијански пица шефови и светски шампиони, технички судија Graziano Bertuzzo (It) а во жири комисијата беа Marco Fuso (It) Nicola Demo (It) Mike Arvblom ( Swe) Valentin Ivanov (Bg).
Селекторот на “пица репрезенатацијата“ Зоран Јовановски Паламаро за ова големо достигнување го изјави следното:
- Победата е уште послатка ако се знае дека во тимот имаме и пица мајстори кои се почетници во правење пица но сепак покажаа завидно ниво на знаење и вистински професионализам и успеаја да ги остават во неверување дури и најголемите светски судии. Руфат Шабани освои 2 златни медали со својата Pizza Romana и Acrobatic pizza каде направи вистинско шоу и едноставно “растури”со својот перформанс. Бранко Григоров освои едно злато и едно сребро во Креатива и Романа, Дејанчо Трајанов сребро и бронза во Наполетана и Креатива. Хисен Таири и Наум Михајловски освоија бронза во Пица класика и Креатива!
Голема благодарност до тимот што ја претстави Македонија во најдобро светло и покажа дека имаме квалитет, знаење и полека но сигурно стануваме сериозни играчи на светската пица сцена. Да кажам дека за наредниот светски пица шампионат во Италија спремаме уште поголем тим а веќе имаме и две девојки Ана и Емилија за кои верувам дека ке им ги “помрсат” сметките на многумина учесници на Pizza шампионатот.
Ви посакуваме уште многу вакви квалитетно зачинети успеси!