Регулаторна комисија за енергетика денеска изврши нова корекција на цената на нафтените деривати во малопродажба.
Цената на бензинот БС- 95 ќе остане иста, односно 89 денари, додека на БС- 98 исто така не се менува и останува 91 денар.
Меѓутоа, дизелот ќе доживее скок од три денари, и од вечерва ќе се продава за 103,5 денари за литар, плинот ќе чини 50 денари, а се зголемува и цената на екстра лесното масло од 97 на 99 денари.
извор: press24.mk