Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно направените измени на Законот за социјална заштита, во тек е исплатата на еднократна помош од денеска (13.10.2022 година).
Помош ќе биде исплатена на околу 36.000 домаќинства во државата кои се приматели на гарантирана минимална помош со цел полесно справување со кризата.
Оваа мерка е дел од последниот ребаланс на буџетот, каде е предвидена еднократна исплата од 3000 денари за домаќинствата кои се активни корисници на правото на ГМП за месеците март, април и мај.
извор: tocka.com.mk