Граѓаните утре ќе се разбудат со топли радијатори.
На последниот ден пред стартот на грејната сезона Регулаторната комисија за енергетика ѝ ги додели лиценците за работа на ЕСМ за преземање на бизнисот со топлинска енергија во Скопје. Сега надлежните уверуваат дека домаќинствата и фирмите кои се приклучени на системот со кој досега управуваше БЕГ од утре наутро ќе имаат греење. Регулаторот гарантира температура на радијаторите од 21 степен. Државната ЕСМ доби лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Иако, викендов се очекува температурите да бидат повисоки, парно ќе има. Првиот човек на РКЕ уверува дека грејната сезона ќе стартува без проблеми, и покрај тоа што не се знае дали и како ќе работи ТЕ-ТО. Но, се надева дека во најскоро време државата ќе најде поевтин гас, за да може да се стави во фунцкија и оваа централа.
На ден пред стартот на грејната сезона, ЕСМ и официјално го презема греењето од БЕГ. РКЕ денеска и ги додели трите лиценци на компанијата, за снабдување, за дистрибуција и за проиводство. Правилата за испоракат на парно останувата како и до сега.
Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. Најмал број корисници има приклучено на топлната „Скопје Север“ која ги грее жителите на Бутел, на Чаир и на Топанско. Од оваа топлана побараа државата да најде начин да им помогне да ги покријат високите трошоци за енергенси, во спротивно ќе мора да го затворат вентилот.