Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2022 година, изнесува 31.871 денар.
Податоците покажуваат дека на врвот повторно се вработените во категоријата компјутерско програмирање, кои имаат плата над 80 илјади денари.
Меѓу најдобро платените работници во нашата земја се најдоа компјутерџиите, банкарите, научната фела. Еве ја лисатата со највисоки плати во земајва:
- Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности 83.556 денари,
- Воздухопловен транспорт 51.919 денари,
- Останати стручни, научни и технички дејности 51.825 денари,
- Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови 48.311 денари,
- Управувачки дејности; советување во врска со управувањето 47.231 денари.
Според ДЗС, во јуни годинава просечната исплатена месечне плата по вработен изнесувала 31.871 денари.
извор: faktor.mk