Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.
За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
- За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток), информираат од Владата.
извор: libertas.mk