Ниту еден работодавач не најавил дека годинава и покрај економско енергетската нема да исплати регрес за годишен одмор, а таква е состојбата и во дел од јавниот сектор, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Во моментот и на околу 1.000 од вкупно 27.000 вработени во јавниот сектор, им легнаа парите за К-15 за 2020 година, се разбира, откако ги добија пресудите по тужбите што ги поднесоа.
- Неисплата не е во опција, а нема ни оправдување за непочитување на Колективниот договор – децидни се од ССМ.
До крајниот рок за исплата на популарниот К-15 (31 декември), во приватниот сектор, има нешто повеќе од два месеца, а според пресметката од ССМ, тој треба да изнесува 12.748 денари.
извор: lider.mk