27-годишниот Мартин Саздов - Сакса од Свети Николе е еден од најпознатите македонски е-спорт играчи, а неодамна заедно со неговиот тим „Tundra Esports“ успеа да го освои трофејот на Светското првенство во Дота 2.
Светското првенство се одржа во Сингапур, а тимот ја освои титулата, победувајќи го „Team Secret“ со резултат 3-0 во финалето кое се одржа вчера, на 30-ти октомври.
Светското првенство во Дота 2, познато и како „The International“ има неверојатен фонд за награди, а оваа година истиот изнесуваше речиси 19 милиони долари. Светскиот првак, во овој случај „Tundra Esports“ добива 8,5 милиони долари, а според проценките, Мартин од овој турнир заработил 1.765.000 долари, што е негова најголема заработка од 2015 година.
Ова е најголем успех за најдобриот македонски играч во Дота 2, но и досега најголемото достигнување на било кој македонски е-спортист.
Речиси сите Ирци купувале преку Интернет во 2024-та година, а од земјите-членки на Европската унија (ЕУ), најмалку онлајн нарачки биле направени во Бугарија.
Во Скопје и Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, но од бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, велат дека за народот е скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок.
Производителот на автомобили Дачија, во сопственост на Рено, наскоро ќе развие нов електричен автомобил кој ќе чини помалку од 18.000 евра, изјави извршниот директор на групацијата Рено, Лука де Мео.