Ако фирмите навистина ги намалат цените за 10%, лебот ќе може да се продава за 5 до 8 денари поевтино, маслото за јадење за 15 денари, а млекото за 7,5 денари поевтино. Сирењето, кое енормно поскапе, тогаш би требало да се продава поевтино за 25 до 50 денари. Владата најави дека ако трговците не ги спуштат цените за 10%, следен чекор ќе биде замрзнување на крајните цени на производите.
Договорот конечно падна и гласи: од први декември производителите на основните прехранбени производи ќе треба да добиваат цена на струјата од 80 евра за мегават час. Оваа цена е речиси двојно пониска од актуелните цени на стујата која ја плаќаат производителите и кои влијаеја на драстично зголемување на цените на редица производи во маркетите. Производителите се генерално задоволни и сметаат дека се создадени услови за намалување на цените на крајните производи:
„Мерката е позитивна, иако нашите барања како индустрија беа да се интервенира уште лани во ноември, кога почна зголемувањето на цените. Но, најверојатно се чекаше на ребалансот на буџетот за да се ослободат средства за ваква намена. Јас би рекол подобро некогаш, отколку никогаш“, изјави за ДВ Горан Малишиќ, претседател на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.
„За доброто на граѓаните и компаниите“
Клучниот чекор со мерката е направен, но ефектите од неа ќе треба да следуваат откако таа ќе стане оперативна по први декември:
„Компаниите во приоритетната дејност ќе можат да ги склучат договорите, со што ќе се нормализира цената на електричната енергија и ќе дојдеме до некоја нормала. Ќе има одредена стабилизација по имплементацијата на мерката, по некои триесетина денови од добивањето на сметките. Ние како општествено одговорна индустрија не планираме во континуитет само да ги зголемуваме цените, тоа се непазарни услови и се создаваат проблеми. Ова е за доброто на граѓаните и за компаниите, оти со вакви енормни цени на струјата не можеме да се покриеме со оперативни средства за плаќање“, смета Малишиќ.
Ако фирмите навистина ги намалат цените за 10%, лебот ќе може да се продава за 5 до 8 денари поевтино, маслото за јадење за 15 денари, а млекото за 7,5 денари поевтино. Сирењето, кое енормно поскапе, тогаш би требало да се продава поевтино за 25 до 50 денари. Владата најави дека ако трговците не ги спуштат цените за 10%, следен чекор ќе биде замрзнување на крајните цени на производите.
Освен за индустријата која произведува основни прехранбени производи, Владата донесе мерка и за цената на струјата за училиштата и како и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето. Од први декември тие ќе можат да склучуваат договори со „АД ЕСМ“ за набавка на струја по 95 евра за мегават час.