Намалувањето на цената на рафинираното масло и сончогледот на светските берзи, придонесе да се намали цената на маслото за јадење во земјава. Производителите велат дека овој тренд ќе се задржи најмалку до пролет…
Откако цената на маслото за јадење стигна до 150 денари, таа бележи опаѓање. Деновиве може да се набави еден литар и за 110 денари. Тоа се должи на падот на светските берзи, објаснуваат од велешката фабрика за масло. Сончоглед има во изобилие и во Србија, Бугарија, Украина.
Годинава и во Македонија има род од рекордни 10 илјади тони, што е најмногу последните десетина години. Истиот заврши во силосите на „Маслодајна“ како единствен преработувач на сончогледот во Македонија. Тоа исто така влијае на пониската цена.
Потрошувачите велат, дека намалување на цената на маслото за јадење има, но не е така како што тие очекувале.
Најавената владина помош поради висока цена на струјата, производителите на масло за јадење ја поддржуваат и велат дека е добредојдена.
Овој тренд на намалување на цената на маслото, според производителите ќе потрае до пролетните месеци, до кога е извесно дека не се очекуваат повисоки цени.