Иако Катар претходно призна дека ќе плати група навивачи за да присуствуваат на Светското првенство, оние кои ќе одлучат да патуваат индивидуално на Блискиот Исток на најголемиот фудбалски форум ќе треба да имаат длабоки џебови.
Спортските барови, едно од ретките места каде што можете да пиете алкохол, сега најдоа начин да заработат добри пари. „Шампионс спортски бар“ во хотелот Мериот во Доха веќе одреди цена од 1.000 ријали (околу 270 евра) за пристап за гледање на полуфиналето и финалето, со ваучер за три пијалоци. Натпреварите од групната фаза се поевтини – 200 ријали (околу 50 евра), но ако сакате да испиете повеќе – секој нареден ќе ве чини 100 евра.
Цените на алкохолот во Катар се меѓу највисоките во светот поради таканаречениот данок на гревот.
Извор: sportm.mk