Децата во Франција имаат рок до 20 декември да му пишат на Дедо Мраз што сакаат да им донесе за Нова година преку познатата пошта „секретаријат“ во Либурн на југозападот на Франција, која оваа година слави 60-годишнина. Од таму објаснија дека можат да му пишат писмо или да му испратат мејл.
Не треба да заборават да напишат на писмото или мејлот „За Дедо Мраз“, и да ја напишат адресата за да може да добијат повратен одговор. За писмата до Дедо Мраз не се потребни поштенски марки.
Децата можат да изберат и електронска верзија на сајтот pere-noel.laposte.fr и да отидат на опцијата „пишете му на Дедо Мраз“. Дедо Мраз со околу 60 негови помошници, доброволци и привремени работници во поштата ќе бидат обврзани да им одговорат на децата, на француски или на англиски јазик.
Децата ќе добијат писмо од Дедо Мразил со разгледница во боја која можат да ја испратат на семејствата и пријателите, објаснија од оштата. Минатата година поштата добила 1,2 милиони писма наменети за Дедо Мраз.
Оваа бесплатна ПТТ услуга започна од 1962 година и досегеа има примено 5000 писма од деца.