Без вода денеска ќе бидат делови од населбите Автокоманда и Железара, како и неколку улици во Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради монтирање на затворач ф-200 милиметри на улица „Душан Тасковиќ“ бб во Парк шумата Гази Баба, од 8 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населбата Железара, вклучително и болницата „Ремедика“ и поликлиниката „Железара“, како и улиците „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“, „Христо Ботев“ и „Бапчор“ во населбата Автокоманда. Цистерна за питка вода ќе биде стационирана пред „Ремедика“ и поликлиниката „Железара“.
Од 9 часот, пак, поради уличен дефект на улица „Рајко Жинзифов“ број 51, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од оваа улица на потегот од Романска амбасада до ул.„Киро Крстевски Платник“, како и дел од улицата „Васил Стефановски“ во Центар. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до санацијата на дефектот.
извор: biznisvesti.mk