Процесот на градење на успешна кариера може да биде потпомогнат ако ги правите овие три едноставни, но значајни работи, вели основачот на LinkedIn, Џеф Вејнер.
Имајте јасна визија за она што во крајна линија сакате да го постигнете
Многумина не знаат што е тоа што навистина сакаат да го постигнат со својата работа. На тоа, Џеф додава: “Ако не знаете што точно сакате да постигнете, одвојте време да разберете и оптимизирате две работи – вашите вештини и вашата страст, без притоа да исклучите едно од друго.
Бидете опкружени со одлични луѓе
Не се фокусирајте само на вашиот меџанер или на вашиот шеф бидејќи најважен е тимот. Вејнер вели: “Тоа се луѓето за кои работите, луѓето со кои работите и луѓето што работат за вас. Бидете сигурни дека не сте компромитирани на тој фронт“.
Секогаш учете
Џеф вели дека е од круцијално значење постојано да се здобивате со нови вештини кои ќе ви помогнат да се подготвите за професиите кои се во зачеток, а не само за работата што во моментот ја работите: “Деновите кога можевте да научите се за една работа и да бидете сигурни дека сте спремни да ја работите истата таа работа целиот ваш живот се завршени“.
Прочитајте и: 1 прашање кое треба да му го поставите на секој кандидат, според основачот на LinkedIn - Џеф Вејнер