Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре”, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.
Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка.
Според некои експертски анализи, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.
Во овој процес важни се граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем.
Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.
извор: biznisinfo.mk