Лидер во регионот со златни резерви е Србија. Оваа земја поседува околу 20 тони злато. На трето место во регионот е Словенија со 3,5, а потоа следува Босна и Херцеговина со 3 тони злато.
Македонија е втора со 7 тони. Хрватска нема ни грам злато во своите резерви. Уште во 2001 година Хрватската народна банка ги продаде сите резерви на злато (13 тони) за 117 милиони долари. Дел од хрватските економисти сметаат дека хрватската монетарна политика не може да биде независна без златото, но во ХНБ го негираат тоа, тврдејќи дека златото е ризична инвестиција.
Во светот, Русија ги зголемува своите резерви на злато и само во јули додаде 29 тони. Тоа е околу четири пати повеќе од вкупните резерви на Македонија.
извор: faktor.mk