Цела сообраќајна лента блокирана од паркирани приватни автомобили и таксисти. Ваква е сликата на булеварот „Климент Охридски“, речиси секој ден од неделата. Во непосредна близина на оваа локација се наоѓаат неколку популарни ноќни локали.
Граѓаните на твитер споделуваат вакви и слични фотографии и прашуваат, до кога Скопје ќе бидат заложници на локалните бизниси и до кога тие ќе би блокираат булеварите во главниот град!?
Полицијата, службите на градското и општинското претпријатие речиси секојдневно поминуваат од тука, но за сега реакција од нив нема.
извор: skopjeinfo.mk