Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавено одржување на протест, денес со почеток во 07:00 часот, СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ и околните улици.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.