Охрид ќе биде украсен за новогодишните празници, а нема да изостане ниту организираниот пречек на Градскиот плоштад. Скопје, веројатно годинава ќе остане без новогодишно украсување, градот се' уште ја нема спроведено постапката за избор на компанија која ќе треба да го украси градот.
Охрид е туристички град и нема да трпи на украсувањето, ниту на новогодишната забава во која ќе уживаат охриѓани и туристите, иако е спротивно на владината одлука за штедење електрична енергија.
Освен општината Охрид, во моментов и општините Струмица, Новаци и Ресен спроведуваат постапки за набавки на услуги за новогодишно украсување.
извор: skopjeinfo.mk