Со новите законски измени кои бидат донесени следната година ќе биде намалена старосната граница за пензионирање на рударите со што мажите ќе можат да одат во пензија со навршување на 40 години работен стаж, а жените со 35.
Наместо како досега да чекаат да поминат 3 години за да добијат една година плус во својот стаж, со новите измени за секоја година ќе се пресметува бенефицираниот стаж и кога ќе го наполнат потребниот работен стаж за пензионирање, тие ќе се пензионираат.
Ако се донесе ова законско решение, во рудникот за олово и цинк “Саса“ од Македонска Каменица, условите за одење во пензија од 1-ви јануари идната година ќе ги исполнуваат 40 рудари, а заедно со останатите рудници бројката не е поголема од 130 лица.
Што се однесува висината на платата, првиот синдикалец на “МЕСО“, Ване Насковски вели дека после протестите добиле линеарно покачување од 5.500 денари, но смета дека просечната плата од 650 евра не е доволна младите луѓе да се определат за оваа исклучително тешка професија.
Според него, доволен број на рудари би имало доколку платата стигне до некои 1000 евра.
Прочитајте и: За првпат во Македонија: вработени ќе добијат покачување од 5.500 денари!