Снегот и сезонава доцни во градовите, па така за да уживате во зимска идила ќе мора да се упатите до некоја планина.
Шар Планина е одличен избор, а голем број турисички агенции нудат организиран превоз до таму, за да не мора да се малтретирате со тешко пристапниот терен.
Попова Шапка е совршено место да се вљубите во зимските спортови на поинаков начин. Посетете ја најраскошната убавица на Балканот и доживејте незаборавни моменти кои се паметат вечно! Уживајте во најдоброто скијање на височина од 1700 до 2500 м со 17.2 км должина на ски – патеките, 6 ски-лифта и 3 жичници, се вели во понудата од една туристичка агенција од каде нудат превоз за само 350 денари.
Понудата се однесува за деновите од викендот, сабота и недела. Тргнувањето е во 7 часот науто, а враќањето е во 16 часот.
извор: skopjeinfo.mk