Персоналот е лицето на Вашиот објект - важно е да е насмеан!
Еден од клучните фактори за успех на секој угостител е среќен и задоволен персонал. Кога имате насмеани и ведри лица во вашиот тим, многу веројатно е дека и гостите ќе добијат соодветен третман и ќе се чувствуваат пријатно во вашиот објект.
Без оглед на тоа колку добра храна и понуда да имате, ако вашиот гостин не е задоволен од услугата, постојат минимални шанси да се врати повторно. За среќа, постојат едноставни чекори со кои можете да ги направите вашите вработени насмеани и задоволни, а вашите гости задоволни од услугата.
- Конкурентни плати
Добра идеја е да истражите по други слични објекти во вашата околина и да направите споредба со платите кои тие ги нудат. Лесно можете да претпоставите колкав проблем ќе ви предизвика доколку ваш обучен работен поради поголема плата ве напушти и почне да работи во соседниот (конкурентскиот) објект. Затоа, направете пресметка и не штедете на вашите вработени, сепак тие се лицето на вашиот објект и од нив најмногу зависи дали гостите ќе ви се вратат повторно.
- Препознајте ги и наградете ги напорите и добрите резултати на персоналот
Постојат многу ситуации во кои можете да ги препознаете добрите резултати на вашиот персонал. Комплиментите од задоволните гости за начинот и брзината на услугата која ја добиле, некоја иновативна идеја за унапредување на работата, покривање подрачје на друг колега се само дел од ситуациите кои треба да ги забележите и да ги наградите. Понекогаш е доволно и само да им кажете дека сте свесни за нивниот труд и залагања. Само неколку пофални зборови можат да направат многу.
- Работно време
Прекувремената работа која не е соодветно платена, не е најавена и однапред договорена може да доведе до незадоволство кај вашите вработени. Намалете го ризикот од незадоволство и придржувајте се до договорените смени и број на работни часови. Секако, ако е неопходно да се работи прекувремено тоа навремено најавете им го за да си го планираат своето слободно време.
- Поминете квалитетно време со вработените, надвор од работното време
Размислете за било какво нефорално дружење со својот тим, тим билдинг, неделен ручек, излет, скара... Било каков настан на кој сите ќе се чувствуваат како дел од тимот, ќе уживаат во дружбата и ќе се поврзете уште повеќе, а тоа секако позитивно ќе влијае на понатамошната тимска работа. На овој начин вработените со вас ќе водат неформални разговори, ќе се смеете и ќе се забавувате заедно. Резултат од ваквите дружења се доверба и заедништво, а тоа е нешто што му е потребно на секој тим.
- Награда за персоналот
Губење на еден искусен вработен значи дека мора да потрошите средства за негова замена и обука на нов кандидат.Со тоа паѓа и нивото на услуга која претходно сте ја имале. Меѓутоа, ако обучениот вработен знае дека ќе добие бонус за својот труд и залагање, многу веројатно е дека ќе продолжи да се труди да обезбеди одлична услуга за гостите и ќе остане лојален и кон објектот и кон вас.
Успешен менаџер е оној кој ги знае предностите и слабостите на објектот кој го води, знае како да ги реши секојдневните проблеми на сите нивоа (клиент v.s. клиент, клиент v.s. вработен) оној кој поседува техники да се справи со проблематичните гости и да знае како гостинот да остане задоволен и после направен пропуст или настанато недоразбирање.
САКАШ ДА СТАНЕШ УСПЕШЕН МЕНАЏЕР?
Тренинг центарот Академик нуди можност да го добиете сето тоа со обуките наменети за сопственици на угостителски објекти, менаџери, директори.