Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари
Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.
Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.
Највисоки просечни бруто плати 2023
Министерстви за надворешни работи 122.243 денари
Министерстви за внатрешни работи 62.112 денари
Министерстви за финансии 60.685 денари
Министерството за одбрана 55.058 денари
Министерстви за економија 50.600 денари
Министерстви за локална самоуправа 50.214 денари
Зголемување на пресекот има во следниве институции : Агенција за вработување со просечна бруто-плата од 38.474 денари, за 6.500 денари се зголемува и просекот во Државниот завод за статистика и ќе достигне ниво од 50.902 денари, за 3.500 денари ќе се зголеми бруто платата во Агенцијата за млади и спорт и ќе достигне 46.099 денари, раст за 4.400 денари има и во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде просечната бруто плата ќе изнесува 49.550 денари. За 7.600 денари се зголемува просечната бруто плата во Дирекцијата за слободни економски зони (ТИРЗ) и догодина ќе изнесува 48.900 денари.
Просечна бруто плата по вработен 2023
Совет на јавни обвинители 92.745 денари
Јавно обвинителство 66.749 денари
Судска власт 52.401 денари
Народен правобранител 64.205 денари
Позначителен раст на бруто платата по вработен за 8.212 денари е пресметан за вработените во Народниот правобранител која ќе достигне 64 205 денари.
Извор: mkd.mk