Во правлив дел периферијата на главниот град на Катар, стражарите се на должност во затворен комплекс опкружен со бодликава жица, внимателно ги проверуваат пасошите и лиценците пред да пуштат некого внатре. Тоа не е ниту затвор, ниту зона со висока безбедност поврзана со Светското првенство во фудбал. Тоа е продавница за алкохол.
Фудбалските фанови кои доаѓаат во Катар на Мундијалот го почувствуваа тоа непосредно пред натпреварувањето, со оглед на тоа што властите ја откажаа продажбата на пиво на стадионите. Сепак, навивачите успеаја да се снајдат и да се напијат по некоја кригла во десетиците хотелски барови, салони и ноќни клубови кои имаат лиценци за продажба на алкохол. Пивото Budweiser се продава за 14 долари во фан зоната на ФИФА.
Американецот Ед Бол направи и онлајн мапа за пиење во Доха, за туристите и обожавателите да можат да најдат барови.
„Погрешна е веста што се шири наоколу дека не може да пиете алкохол во Катар. Има такви места“, изјави Бол.
Покрај баровите, има и продавница за алкохол каде што жителите и посетителите кои не се муслимани може да купат алкохол, под услов да поднесат барање за дозвола издадена од владата.
Лоцирана до индиско училиште во правливиот кварт Абу Хамур во Доха, продавницата е управувана од Qatar Distribution Co, државна компанија под капата на Qatar Airways, која има ексклузивни права за дистрибуција на алкохол и свинско месо во земјата. Продавницата, која моментално единствена продава алкохолни пијалоци во Катар, работи по прв ред, потпирајќи се на строгите прописи за коронавирус кои беа на сила во Катар непосредно пред Светското првенство.
За време на една неодамнешна посета, чуварите двапати ги проверуваа идентитетите и на новинарите на AP.
Бодликава жица е поставена на врвот на високите ѕидови на комплексот, што ја спречува јавноста да ѕирка внатре. Исто така, има предупредувачки знаци дека секоја злоупотреба насочена кон чуварите може да доведе до одземање на вашата лиценца за алкохол. На паркингот има купишта празни гајби за пиво. Продавницата има полици и штандови со шишиња вино кои обично се движат од 12,50 до 45 долари.
Литар вотка „Absolut“ чини 42 долари, додека литар виски „Jack Daniels“ чини 70 долари. Пакет од 24 стандардни лименки Budweiser чини речиси 52 долари. Во еден дел од продавницата нудат замрзнати пици со свинско месо, сланина и феферони, како и конзервирано свинско месо и грав.
Низ Персискиот Залив, алкохолот останува забранет во Иран, Кувајт, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. На туристите не им е дозволено да внесуваат алкохол во Катар. Многу хотели не служат алкохол и им забрануваат на гостите да внесуваат алкохол во собите.
Дури и со овие ограничувања, Катар продал 23,2 милиони литри алкохолни пијалоци во 2021 година, според податоците на Euromonitor International.
Иако во истиот период во Обединетите Арапски Емирати се продадени помалку од 115 милиони литри, бројките во Катар покажуваат раст од 14,6 отсто бидејќи пандемијата почна да стивнува.
извор: kajgana.com