Tриесетгодишната Милица Чириќ е мастер по економија и вработена во книговотствена агенција, но секој слободен момент го користи да отиде на Стара планина и да чува овци.
На тој начин им помага на родителите, но и се опушта во природа. Ужива подеднакво во двете работи.
“Доволен е само еден свиреж и стадото од овци и кози веднаш послушно тргнува со мене”, вели Милица која со животните е од како знае за себе.
“Од кога проодив, јас сум со животните. Мои кукли беа овците, козите, јагнињата. Живеев во природа. Веројатно кога оваа работа би била исплатлива, би се посветила само на тоа”, вели Милица Чириќ.
Бидејќи е неисплатливо, Милица веќе 6 години работи во книговотствена агенција.
“Во последните 100 години во овчарството се нема ништо променето, а што се однесува на книговотството секој ден нешто се променува и морам да се усовршувам, да читам, да следам закони”, вели Милица.