Република Северна Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.
Тој посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.
-Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави министерот.
извор: slobodnaevropa.mk