Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода, Карпош и Бутел.
Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Христо Татарчев “- главна улица околу бр. 140 во општина Кисела Вода, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од ул. 1687 и место викано Шамак во општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Ферид Бајрам“ во Општина Бутел и од 10:00 до11:00 часот корисниците од улиците „Драган Ѓаконовски Шпато“, „Орце Николов“ и ул. „Андон Дуков“ во општина Карпош.