Поп-пејачот Димитар Андоновски од неодамна стана комерцијалист. Димитар, кој паралелно гради соло-кариера и е вокал на групата „Димитар и Тајфата“ вели дека се труди да балансира помеѓу музиката и новата работа.
„Се вработив за да ја обезбедам иднината, моја и на моето семејство, бидејќи со музиката тоа никој не може да ми го гарантира. Работам во „Жито Лукс“, комерција и набљудување на дистрибутерите и дистрибуцијата за регионот: Битола, Прилеп, Ресен и Демир Хисар“ ни изјави пејачот. Димитар со сопругата Христина и со синот Михаил, кој во февруари наполни една година живее вo Битола. За него, ова е прво официјално вработување.
Целиот текст прочитајте го на faktor.mk