По субвенционираната цена на електричната енергија од 80 евра за мегават час за компаниите од прехранбената индустрија, веќе одредени пекари и млекари ја намалија цената на лебот и млекото. Владата очекува во идниот период и останатите пекари, млечната и месната индустрија тоа да го сторат. По извршените стотина контроли низ Македонија, констатирано е дека веќе има пониски цени.
Но граѓаните реагираат дека на полиците во супермаркетите и не се забележува некое значително поевтинување. Млекото е околу 80 денари за литар, брашното од 40 до 50 денари, 10 јајца чинат 100 денари, а литар масло во зависност од производителот чини околу 115 денари.
Според последните пресметки на статистика, ноемвриската инфлација достигна 19,5%. Лебот млекото сирењето и јајцата се поскапи за речиси 40% од лани. Месото и маслото имаат раст на цените од над 30%.
Синдикалната кошничка сега достигна 850 евра, а лани во истиот период беше 550 евра.Тие пресметаа дека за да се преживее месецот на едно просечно семејство во ноември му требале најмалку 850 евра.
извор: vecer.press