Поради трошоците за греење во Германија, црква ги затвора вратите за верниците.
Станува збор за црквата Св. Паули во Хамбург, која планира да ги затвори вратите на три месеци. Црквата ќе остане отворена до Божиќ и греењето во црквата нема да надмине температура од 17 степени.
„Може да стане постудено со отворена врата, па нарачавме ќебиња. Ги замолуваме верниците на Божиќ да се облечат топло за миса. Тоа е добра идеја за многу цркви оваа зима. За да се заштеди енергија, греалките се поставуваат само на некои места за да се спречи замрзнување. Некои парохии дури размислуваат да ги загреат верниците нудејќи им варено вино“, рече свештеникот Сигард Вилм.
По Божиќ, поради цените на енергијата и високите трошоци, црквата Св. Паули ќе биде затворена три месеци.
Меѓутоа, од јануари до март 2023 година, ќе и бидеме достапни на црковната заедница во мензата на соседното окружно училиште.
ПРОЧИТАЈТЕ ЗОШТО: „Пета“ покренала постапка поради познатите шапки на Кралската гарда