Знаеме дека полека но сигурно ве „фаќа“ празничната еуфорија, но не брзајте со трошење на пари!
За мали суми, разликата при размена од една во друга валута не е голема. Но, ако тоа го правите постојано - менување пари на неповолни места, а не сте единствените, тогаш профитот се акумулира за оние кои не се држат до оптималниот девизен курс.
Разбирливо е дека не можеме секогаш да разменуваме пари каде што е најдобриот девизен курс, но има некои „општи“ места каде што генерално треба да ги избегнувате:
- Аеродром
- Трговски центри
- Туристички зони
Првото место каде речиси сите патници разменуваат пари кога ќе пристигнат во странска земја е аеродромот. Но, општо е познато дека таму нема да го добиете најповолниот курс, затоа најдобро или плаќајте со картичка додека не стигнете до посакуваната дестинација или разменувајте пари однапред. Менувачниците на аеродромите знаат дека можеби ќе ви треба локална валута за автобус, воз или такси, па затоа остваруваат голем профит нудејќи ви го најлошиот курс.
Од друга страна, големите стоковни куќи и трговските центри се „второто најлошо место“, бидејќи се водат од фактот дека огромен број луѓе ќе сакаат да менуваат пари на местото каде што пазарат.
Исто така, во строгиот центар на светските метрополи или во популарните туристички дестинации општо е познато дека ве очекуваат не толку поволни курсеви - пред сé поради многубројните туристи. Менувачниците знаат дека туристите нема многу да „лутаат“ за да ја најдат најдобрата менувачница, па играат на таа карта.
Затоа бидете еуфорични со голема доза на финансиска претпазливост...
Би можело да ве интересира: Како Ајнштајн ги вложил своите пари?