Ова би можело да ве интересира: Во овие компании вработените работат само 4 дена во неделата!
Кратењето на работната недела или четиридневната работна недела станува се повеќе актуелна шируум светот. Како што пишува Telegraf Biznis.rs, голема улога во тоа има работата на далечина која својот бум го доживеа во текот на ковид кризата.
Неодамнешната студија на 4 Day Week Global, непрофитна организација која спроведувала пилот програми за четиридневна работна недела во неколку земји, покажала дека вработените изразиле големо задоволство од својата вкупна продуктивност и учинок.
„Идејата за намалување на работното време постои веќе некое време“, рекла Шарлот Локхарт, основач и извршна директорка на компаниијата 4 Day Week Global. „Меѓутоа, сега е остварена. Имаме илјадници компании ширум светот кои на овој или оној начин го кратат работното време“.
Сепак, треба да се подвлече дека кратењето на работната недела не е добра идеја за секоја компанија, пишува CNBC.
Alter Agents, компанија за истражување на пазарот, со седиште во Лос Анџелес, открила дека не одговара за нивните вработени.
„Она што се случи после 10 недели е да нашите највредни показатели, а тоа се здравјето и менталното здравје, опаднале во нашата анкета (пред и после)“, истакнала Ребека Брукс, извршна директорка на компанијата и додала:
„Постојат многу причини за тоа, но на крајот, целта е да им го олесниме животот на нашите вработени, а ние дополнително им го комплициравме“.