Во групата пензионери со максимални примања во јули имало вкупно 2.008 луѓе
По основ на остварено работно право, вкупно 312.703 пензионери земаат пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според статистиките од ПИОМ, има пензионери чии месечни примања изнесуваат 49.360 денари.
Најголемиот дел од пензионерите земаат пензии од 11.131 денар до 37.537 денари. Во другата помала група спаѓаат оние 93.493 пензионери кои имаат минимална месечна пензија од 8.716 денари до 9.189 денари. Бројот на пензионерите што земаат под минималната изнсува 23.998 луѓе, односно до 8.716 денари.
Просекот за исплатена пензија во јули изнесуваше 14.145 денари.