Работниците ќе имаат право на надомест за трошоците направени при работа на далечина.
Прифатена е измена на конечниот предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи со кој се уредува надоместокот на трошоците за работа од дома.
Првичниот предлог беше работникот да има право на надоместок за трошоците направени при работа од дома доколку таквата работа трае повеќе од десет дена во текот на календарскиот месец, а со амандманот тој рок е скратен на седум дена.
Можеби ќе ве интересира: Во оваа држава бремените жени ќе можат да работат од дома во текот на целата бременост
Владата во Хрватска прифати неколку амандмани, а прифаќањето на споменатиот се образложил со тоа што „ќе се постигне подобра рамнотежа меѓу трошоците на работодавачите и материјалната положба на работниците кои работат на друго работно место“, и дека амандманот „ги штити работниците и не предизвикува непропорционални трошоци за работодавачот“.