Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за развој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата задолжена за оваа инвестиција.
Планирани се нови 16 скијачки патеки, нови ски лифтови и нови жичари.
Во правата фаза би се изградиле системите за вештачки снег, тие се навистина многу важни, планирано е да бидат целосно автоматизирани и да бидат поврзани со соодветен софтвер. Во рамки на цела инвестиција се планирани седум нови ратраци.
Планирано е да се изградат 15 километри нови стази за крос - кантри.
Целта е луѓето да поминуваат и да уживаат повеќе време во природа и на планина. Во план е да се изградат два нови спа-хотели со четири ѕвезди, а вкупно да бидат четири во целиот проект. Исто така би имало и викендици, кои ќе бидат блиску до ски-центарот, како и стазите за почетници коишто ќе бидат блиску до овие викендици. Би имало и пицерија, но изградба и на ресторан каде што ќе може да се зема храна за носење. Предвидени се и паркиниг места коишто сега ги има недоволно. Планираме три нови паркинзи како и улици коишто ќе водат до новите хотели, како и планинарски дом со 160 места.
Целта е ова туристичко место освен во зимската, да се користи и во летната сезона, со тоа што се планира да се изградат алпски жичарници кои што ќе бидат блиску до езерата како и нови велосипедски патеки.
Би ве интересирало: Зошто скијањето е еден од најскапите спортови?