Од претпријатието апелираат до граѓаните да внимаваат каде се паркираат со своите возила
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје изминатата недела казниле 211 непрописно паркирани возила.
- Во периодот од 12.12. до 18.12.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 95 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 116 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија од ЈП Паркинзи.
Би можело да ве интересира: Какво време ќе имаме за Нова година?
Од претпријатието апелираат до граѓаните да внимаваат каде се паркираат со своите возила.