Владата преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), информира дека нема да ја зголеми цената за наплата на патната такса.
Како што нагласуваат, средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти и тоа во изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри, во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри, во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри и во преку 450 километри локални патишта.
Прочитајте: На што се трошат парите од патарините?
– Првичните анализи покажаа дека цените на градежните материјали во инфраструктурата само оваа година во споредба со 2021 година се зголемени меѓу 30 и 55% и се во постојана осцилација, што директно влијаат врз буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта и реализацијата на капиталните проекти.