Одговорот на ова и на многу други прашања можете да ги дознаете со спроведување на истражување преку Pulser.mk
Во изминатата година, феномените како „great resignation“ и „quiet quitting“ станаа актуелни теми, што доведе до тоа многу вработени да се преиспитаат колку се задоволни со нивната работа во компанијата.
Најпопуларните и најпребарувани клучни зборови поврзани со работа во 2022 година се: „антиработа (antiwork)“, „работете онолку колку што сте платени“ и „тивок отказ (quiet quitting)“.
„Антиработа“ е термин што се однесува на оние кои „сакаат да извлечат максимум од животот без работа“ и се „љубопитни да престанат со работа“ - забележано е зголемување од 104 проценти во споменувањата на интернет на годишно ниво од септември 2021 година. „Работете колку што ве плаќаат“, како „тивка оставка“, е покана до работниците да не се вложуваат премногу на својата работа. Во истиот период бележи пораст од 95 отсто во однос на претходната година.
Реалноста е дека чувството на општо незадоволство на вработените во деловниот свет е засилено, а вработените бараат начин јавно да ги кажат своите поплаки и грижи.
Вработените се повеќе се охрабруваат јавно да споделуваат објави за своите ставови и искуства работата, без претерано да се грижат за тоа дали нивните објави ќе стигнат до работодавачот.
Неодамна спроведовме истражување во кое учествуваа 1.000 испитаници од Македонија. Резултатот покажа дека дури 57% од вработените учесници во истражувањето од Македонија планираат да го променат сегашното работно место во следната година.
Знаејќи колку заминувањето на еден добар работник може да ја чини компанијата, наш совет до сите компании е што поскоро да превземат превентивни мерки за да ги задржат талентите.
Незадоволство постои и носи ризик од заминување на талентите од компанијата... Што да направите?
За да влезете во новата година со јасна слика за тоа што се случува во вашата компанија и што можете да очекувате, најдобро е да ги прашате вашите вработени како се чувствуваат на своето работно место, што е она што ги мотивира и ги држи во вашата компанија, а што е она што им создава фрустрации и незадоволство.
Еден на еден разговори нема секогаш да дадат искрен фидбек, од многу објективни причини. Не секој вработен ќе се охрабри директно да ви каже што е тоа што му создава незадоволство и го тера да размислува да ве замени со друг работодавач.
Затоа, најдобро решение е да ги прашате анонимно.
Како?
Истражувањето за задоволството на вработените - Pulser.mk ви овозможува на едноставен и брз начин да го проверите задоволството на вработените во рамките на вашата компанија.
Постапката за мерење се спроведува преку стандардизиран анонимен прашалник (онлајн или печатен или комбиниран) составен од 65 прашања/тврдења (скала за оценување од 1 до 4) кои се поделени во 9 категории со можност за дополнителни прашања по ваша желба.
Прашалникот е анонимен и детален, а сепак едноставен, разбирлив и лесен за пополнување. Тоа ќе ви овозможи да ја дознаете реалната слика за вашата компанија, директно и искрено од вашите вработени.
Како Pulser.mk ќе ви помогне да го унапредите задоволството на вработените?
По завршување на пополнувањето на прашалниците од страна на вашите вработени, за помалку од 24 часа ќе добиете детален извештај за ситуацијата со задоволството на вработените во вашата компанија.
Ќе добиете јасна слика и за силните и слабите страни на вашата компанија, како и степенот на ангажираност на вашите вработени. Ќе го дознаете и степенот на лојалност на вашите вработени, односно Employee Net Promoter Score (ENPS), кој ќе ви даде јасна слика за тоа колку од вработените се промотори на вашата компанија, а колку критичари.
Со Pulser до награда Најдобар работодавач
Дополнителен бенефит од спроведеното Pulser истражување е и можноста сите компании кои ќе спроведат истражување до крајот на годината, да учествуваат во конкуренција за наградата „Најдобар работодавач“.
Сè уште размислувате дали треба да го дознаете степенот на задоволство на вашите вработени? Проверете на Pulser.mk или побарајте нè на 070356813.