Според добиеното известување од ЈП Водовод и Kанализација, Регионалниот центар за управување со кризи - Град Скопје ги известува граѓаните дека за ден 22.12.2022 година (Четврток) се најавуваат четири планирани прекини во водоснабдувањето и тоа:
– поради дефект на затворач ф-150 на крстосницата Карпошево Востание/ Манапо , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на следниве улици: дел од Карпошево Востание, дел од Манапо, дел од бул.Илинден, Огражден, Пелистерска, Струма и Радика. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Карпош)
– поради промена на вентил во шахта на ул. Никола Вапцаров пред Ловечка Федерација, во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работите без вода ќе останат корисниците од ул. Димитрие Чуповски на потегот од ул. Македонија до Министерството за Правда. (општина Центар)
– поради изведување на водоводен прикличок ф-100 мм на Франклин Рузвелт 18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Франклин Рузвелт и дел од бул. Партизански Одреди. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. (општина Центар)
– поради изведување на водоводен приклучок Ф-125 мм на ул. Методија Андонов Ченто 77, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности. (општина Гази Баба)