Многу мачното, спарно и тешко време продолжува да владее во нашата држава и тоа поради како што предходно кажавме поради релативно високата влажност која ја имаме во воздухот.
Времето и натаму ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и тоа претежно во попладневните часови и навечер кога особено во северозападната половина од државава ќе има услови за локална нестабилност проследена со особено изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за редок град.
Слични временски услови ќе имаме и на самиот почеток од новата недела.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени но поради високата влност во воздухот истите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.
УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има релативно ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент 7.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!