Јованка Жени Лебл (1927-2009) е српска новинарка со еврејско потекло. За време на Втората светска војна била уапсена и одведена на принудна работа во Германија. По војната била уапсена како новинарка на „Политика“ поради шегите за Јосип Броз Тито кои едно утро им ги кажала на колегите во редакцијата.
Што всушност се случило?
Еднаш колешка ѝ кажала шега за тоа како Југославија победила на меѓународен натпревар за цвеќе затоа што израснала љубичица тешка 100 килограми, алудирајќи на песната „Другар Тито, љубичице бела, тебе воли омладина цела“, која беше една од најпопуларните.
Таа ѝ ја раскажала таа шега на жената во редакцијата и речиси веднаш се појавиле двајца ликови да ја земат. Како главна причина навеле дека зборувала против Тито.
Завршила дури до Голи Оток. Од април 1949 година до октомври 1951 година, таа доживеала ужасни нешта и од неа барале да се премисли и да ја признае вината, но таа се спротивставила. Таа потоа била исклучена од Здружението на новинари.
Многу години подоцна, по распадот на Југославија, жената ја напишала книгата „Љубичица бела“, која била објавена во Израел, каде што живеела до нејзината смрт во 2009 година. Таа ги опишала сите ужаси што ги доживеала и видела во логорите.
извор: vesnik.com