По падот на цената на нафтата, штипјани сметаат дека треба да се намалат цените на такси услугата. Цените на горивата паѓаат, а цената на такси услугата е иста. Треба да се прави корекција, како се движат цените, така да биде и такси услугата.
Од штипските такси компании со став дека, намалување на цената на такси услугата нема да има, зашто таа не зависи само од цената на нафтата. Покачени се авто деловите, работната рака во авто сервисите, трошоците за плати и придонеси, а се уште стартната цена од 70 денари е најниска во регионот.
Можеби ќе ве интересира: Празниците се идеално време за „грабеж“: Еве како да дознаете колку чини такси услугата
- Штип мислам дека е најевтин со стартна цена. Во Струмица и Кочани е 80 денари, во Виница е 100 денари, Берово и Делчево исто 100 денари, значи едноставно назад нема, само одиме напред, со зголемување на трошоците, изјави претседателот на Такси превозници - Штип.
Проблем е и недостигот на работна сила, што резултира со клуч на врата на 60% до 70% од такси компаниите.
- Штип имаше 10 до 12 компании, сега има 3. Кочани имаше 7-8, а сега 2. Куманово имаше 20, сега има 4. Луѓето заминаа, посебно во Ковид пандемијата, во дејности каде нон-стоп се работеше, како прехрана, во маркети, во градеежништво. Нашата дејност како јавен превоз замре тогаш и луѓето оправдано си заминаа, изјавија од такси компанииите.
Тие додаваат дека мора постојано да ги зголемуваат платите за да ги задржат вработените, а се соочуваат и со нелојална конкуренција.